Политика за приватност

1. Со оваа Политика за приватност на интернет страницата наwww.deltasped.mk се уредуваат начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на веб страницата www.deltasped.mk (во понатамошниот текст: Веб страница).


2. Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.


3. Посетата на нашата Веб страница e анонимна.


4. Со користење на нашата Веб страница, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите нашата страница.


5. Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република С. Македонија.


6. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.


7. Нашата Веб страница ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.


8. Нашата Веб страница може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.


9. Нашата Веб страница го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на Веб страницата.